Во „Сексот и градот“ ќе почине еден од главните ликови: Се појавија детали од снимањето на новите епизоди

Во „Сексот и градот“ ќе почине еден од главните ликови: Се појавија детали од снимањето на новите епизоди

пред 5 години

Како што тече снимањето на новите продолженија на серијата „Сексот и градот“, постојано се појавуваат нови детали Овој пат, извор близок  до тимот на серијата откри дека еден од главните ликови ќе умре во првата епизода, пренесува „Daily Mail”. По што веднаш започнаа шпелукациите кој би можел тоа да биде.

Некои мислат дека тоа е „Ѕверката“, додека други веруваат дека е ликот на Саманта, бидејќи актерката Ким Катрал одби да учествува во новите продолженија.

„Продуцентката Сара Џесика Паркер сака да ја размрда публиката и да им покаже нешто поразлично од она на што се навикнати во претходното издание, нешто каде што сè може да се случи и секој може да си замине, исто како и во реалниот живот“, тврди изворот.

Претходно се појавија фотографии од Кери Бредшо и Ѕверката на сетот во Њујорк, на кои држеа некакви листови во рацете, по што фановите развија дискусија дали тоа се документи за развод или, пак, се работи за сценарио од серијата.

Ѕверката се појави на снимањето на „Сексот и градот“, фановите претпоставувaат дека не се во добри односи со Кери

Share
Scroll to Top