Јули 2021 бил најтоплиот месец во историјата

пред 3 години

Јули годинава бил најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата, објави американската Национална агенција за океани и атмосфера (NOAA).

Од таму соопштија дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од трендот на влошување поврзан со климатските промени.

„Јули е генерално најтоплиот месец во годината, но јули 2021 година се надмина и стана најтоплиот јули и воопшто месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на агенцијата.

Комбинираната температура на копното и океанот во целиот свет била 0,9 Целзиусови степени над просекот, односно овој јули бил најтоплиот месец од кога почнале мерењата пред 142 години, пренесе хрватски „Индекс“.

Климатските промени го менуваат светот на начин што не е забележан илјадници или стотици илјади години наназад, се наведува во извештајот.

Share
Scroll to Top