Сценаристот Акива Голдсман, човекот човекот што го напиша филмот „Јас сум легенда“ со актерот Вил Смит, деновиве мораше јавно да објасни дека филмот е фантастика а не документарец за луѓе кои по вакцинирање се претвориле во зомбија.
„Боже мој. Станува збор за филм, кој јас го измислив. Не е реален“, вели Голдсман.

Во филмот се зборува за неуспешен обид за генетски ре-инженеринг на сипаници со цел да се излечи ракот. Ова убива 99% од популацијата на светот, а тие што ќе ја преживеат болеста мутираат во зомбија.
Сценариото кое е старо 15 години, деновиве повторно се актуелизираше по некои од тврдењата на некои теоретичари на заговор и антиваксери дека истата судбината може да ги чека сите што ќе се вакцинираат против ковид-19.

Голдсман и претходно имал изјавено дека сценариото се базира на истоимената книга од Ричард Матесон, објавена во 1954, која исто така не е сведоштво за опасноста од вакцинирање од ковид-19.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Среде пустина во Абу Даби е изградена река, вистинско место за рафтинг, кајак и сурфање
Партнерот и подари букет црвени рози: Мартија Станојковиќ славеше матура
(Видео) Мадона и Токиша со лезбиски бакнеж во новиот спот
(Видео) Жена тврди дека останала трудна по средба со вонземјанин
Викенд хороскоп за 3 и 4 декември: Ракот го очекува значајна средба, Вагите ќе ги завршат сите обврски
(Видео) Дрон сними пар додека имаа секс на врв од манастир
