Српскиот фудбалски интернационалец Александар Коларов добил повик од грчки Олимпијакос. Шампионот на оваа земја сака да ја засили левата бековска позиција.
Повредата и операцијата на коленото го оневозможија поранешниот капитен на Србија да помине повеќе минути во дресот на „Нероазурите“ минатата сезона, па сега најверојатно ќе ја продолжи кариерата во друга средина.
Белградска Црвена Звезда беше упорна да го доведе бекот во Белград, но се пропадна во вода откако Коларов го продолжи договоро со Интер до 2022 година.
Грчките медиуми наведуваат дека искусниот фудбалер бара клуб во кој ќе има пристојна минутажа.