(Видео) Авганистанските жени први на удар на талибанците – пријавени случаи на злоставувања и поробувања

пред 3 години

Во изминатите неколку месеци, талибанците практично ја презедоа контролата врз целиот Авганистан. И каде и да чекореа први на удар беа жените и девојките.

Случаи на принудни бракови и злоупотреби веќе се пријавени, а многу девојки и жени станаа робинки. Затоа многумина се обидуваат да избегаат од своите куќи за да се спасат. Многумина се грижат за својот живот. Новинарите се особено во опасност, а според извештаите, талибанците веќе убиле неколкумина.

Во рамките на подготовките за пристигнувањето на талибанците во Кабул, плакати и излози на продавници беа насликани со молскавична брзина, на кои беа прикажани слики од жени кои не носат бурка, бидејќи талибанците не го дозволуваат тоа.

Во почетокот на јули, кога талибанските бунтовници ги зазедоа владините сили низ Авганистан, борците од групата влегоа во канцелариите на Азиската банка во јужниот град Кандахар и им наредија на жените кои работеа таму, вкупно девет, да си одат дома.

Талибанците ги спроведоа до нивните домови и им рекоа да не се враќаат на своите работни места. Наместо тоа, тие објаснија дека нивните машки роднини можат да ги преземат тие работни места, рекоа три жени и менаџер на банка.

„ Навистина е чудно што не ни беше дозволено да одиме на работа, но сега тоа е така “, изјави за „Ројтерс“ Нур Катера, 43-годишна жена која работела во банката.

Инцидентот е ран знак за тоа како ќе изгледаат сега животите на авганистанските жени и дека ќе останат без многу од правата што ги освоија во изминатите 20 години.

Share
Scroll to Top