Три години нема да стапне на „Емирати“ – го навредувал Џака на интернет

Три години нема да стапне на „Емирати“ – го навредувал Џака на интернет

пред 3 години

Од лондонски Арсенал на еден свој навивач кој поседува сезонски билет му забраниле да присуствува на стадионот „Емирати“ во следните три години. Причина за ваквиот потег на „топчиите“ е што тој на интернет упатил навреди на адреса на играчот на Арсенал, Гранит Џака.

Од клубот наведуваат дека навивачот „вршел насилство“ врз Албанецот кој игра за швајцарската фудбалска репрезентација.

Информациите се дека освен Џака, истиот фан навредувал на интернет и фудбалер на Тотенхем.

За потсетување, Арсенал со пораз кај Брентфорд (2-0) ја започна во петокот новата сезона во Премиерлигата.

Share
Scroll to Top