Зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“, стои ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, обвини Петар Петковски од СДСМ.
„ Мицкоски да каже дали за него се убијци докторите и медицинскиот перонал што го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19? Дали за него се убијци, лекарите, доторите, медицинските сестри кои повеќе од една година се на првата борбена линија против коронавирусот?
Наместо да повикува на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје. Мицкоски не само што не е загрижен за колективното здравје туку со неговата партија прави се за да го загрози здравствениот систем.
Токму поради таквиот нечесен, несериозен однос опасен по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори“ порача Петковски.