Андреас Паличка ќе го чува голот на ПСЖ

Андреас Паличка ќе го чува голот на ПСЖ

пред 3 години

Ракометниот репрезентативен голман на Шведска, Андреас Паличка (35) потпиша договор до францускиот шампион, ПСЖ. Тој од наредното лето ќе го чува голот на францускиот клуб кој се уште се бори да ја освои првата европска ракометна титула.

Негов соиграч во тимот, меѓу стативите ќе биде данскиот репрезентативец, Јаник Грин, членот на германски Магдебург.
Паличка и оваа сезона ќа го чува голот на бундеслигашот Рајн Некар Левен каде што е од 2016 година.

Тој има две титули европски шампион, со тимот на Кил.

За Шведска дебитираше во 2007 година и има два сребра медали на ЕП во Хрватска во 2018 година и на Мундијалот во Египет годинава. Над стопати го носеше дресот со државниот грб.

Share
Scroll to Top