Жестока конкуренција на Јадранот – Пулен по третпат во Цедевита

Жестока конкуренција на Јадранот – Пулен по третпат во Цедевита

пред 3 години

Еден од најдобрите кошаркари во АБА лигата минатата сезона, Џејкоб Пулен е ново засилување за тимот на Цедевита Олимпија. Поранешниот играч на загребска Цедевита претходните две сезони го носеше дресот на Морнар од Бар (Црна Гора).

Минатата сезона Пулен имаше 16,6 поени и 3,1 асистенции по натпревар во АБА.

„Воодушевен сум што се приклучив на тимот на Цедевита Олимпија. Се чувствувам како да се вратив, но првпат играм за клубот од Словенија. Одвај чекам да почне АБА сезоната и Еврокуп, да ги оствариме нашите цели. Мојата цел е да му помогнам на тимот да се бори за врвот. Се надевам на трета среќа, дека ќе освоиме многу трофеи“ вели кошаркарот.

Инаку, Американецот Пулен во Европа е од 2011 година. Играше за италијанска Бјела, Хапоел Ерусалим, Виртус Болоња, Барселона, Севилја, Бриндизи, Цедевита, Химки, а во 2017-та стигна и до НБА лигата.

Share
Scroll to Top