Талибанците денеска отворија оган врз демонстрантите во градот Џалалабад, кои се собраа барајќи повторно да се истакнат авганистанските знамиња на зградите на институциите во тој град, наместо на талибанците.
Според првичните снимки, пукано е во група луѓе, кои широко го рашириле големо авганистанско знаме. На социјалните мрежи се наведува дека не биле поштедени ниту новинарите, кои биле претепани, пишуваат светските медиуми.
This video shows how ‘Moderate’ #Taliban terrorists opened fire at the protesters in #Jalalabad, center of Nangarhar province of #Afghanistan for carrying out protests against changing Afg’s National Flag. Even Journos weren’t spared.pic.twitter.com/0QA2z6SExe
— Tarun ཊརུན (@YearOfMonk) August 18, 2021
Според непотврдени информации, две лица загинале, а најмалку 12 биле повредени, пренесуваат медиумите.
Претходно денеска, група жени излегоа на првиот јавен протест во Авганистан, барајќи почитување на нивните права, вклучувајќи ја и социјалната сигурност, правото на работа, образованието и учеството во политичкиот живот.