На социјалните мрежи кружи видео од Авганистанка која низ бодликава жица со солзи ги моли за помош американските војници.
Автентичноста на снимката не е официјално потврдена, но дел од британските и американските медиуми пишуваат дека се чини дека снимката е направена на аеродромот во Кабул, последното место во Авганистан кое се уште го обезбедуваат американските војници по заробувањето на на главниот град од талибанците.
Help us Taliban are coming our homes. ? pic.twitter.com/U1CBqdcaBE
— Aftab Baloch (@aftabnaseer6) August 18, 2021
Жената на видеото извикува „талибанците доаѓаат“ низ солзи и ги подава рацете кон американските војници преку ограда опкружена со бодликава жица.
Аеродромот во Кабул неодамна беше центар на драматични сцени. Илјадници Авганистанци упаднаа на пистата, при што пет лица загинаа во хаосот.
Двајца вооружени лица загинаа од американски војници, а три лица паднаа од авионот.
Американската војска вчера потврди дека во авионот што ги евакуираше луѓето беа пронајдени остатоци од човечко тело.