На Езѓан Алиоски прекрасно му почна кариерата во Саудиската прва лига, откако во своето деби беше стрелец за Ал Ахли на гостувањето кај Ал Хазем.
Ал Хазем имаа водство од 2:0 по првото полувреме, пред Алиоски да намали на 1:2 со гол од пенал во 73. минута, за бразилскиот ветеран Паулињо, поранешниот фудбалер на Тотенхем и Барселона, да обезбеди бод за Ал Ахли во 83. минута од мечот.