Манчестер јунајтед не се подготвени да дозволат Пол Погба да замине како слободен играч на крајот на минатата сезона, нудејќи му на францускиот ас договор со неверојатна плата од 400.000 фунти неделно ако го потпише новиот петгодишен договор, тврди „Атлетик“.
За Погба има интерес во Пари Сен-Жермен, Реал Мадрид и Јувентус, посебно бидејќи францускиот репрезентативец ја одработува последната сезона од сегашниот договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Со оваа понуда, Погба би станал најплатениот играч на „ѓаволите“, поминувајќи ја платата на голманот Давид де Хеа од 375.000 фунти неделно.