Клоп ги прозва фановите на Ливерпул поради хомофобија – ги нарече идиоти!

Клоп ги прозва фановите на Ливерпул поради хомофобија – ги нарече идиоти!

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп за службената страница на клубот остро г осуди хомофобните повици упатени кон играчот од средниот ред на Норич, Били Гилмор на мечот што Ливерпул во 1. коло од новата сезона во ПЛ го доби со 3-0 нагости.

Билмор кој е играч на Челси на позајмица кај „канаринците“ беше жртва на навреди од трибините, па стратегот на „црвените“ одлучи да го адресира инцидентот.

„Никогаш тоа не сум го разбирал ниту поддржувал. Ние имаме веројатно најдобра навивачка песна во цел свет. Лесно е да одлучи ништо друго освен тоа да не пееме. Имам 54 години, а кога имав 20 зборував многу работи кои денес, фала богу, веќе не би ги изговарал. Од играчка и тренерска перспектива јасно ми е дека тие песни не можат да им помогнат на оние кои се долу на теренот. Тоа е губење време. Кога на стадион ќе чујам дека се пее за Боби Фирмињо, Мо Салах или `You’ll Never Walk Alone`, тоа ме мотивира. Од тоа се наежувам и ме тера да сум уште подобар. Останатите песни се губење време и оној кој пее и мисли што тоа пее, тогаш е идиот“ заклучи Клоп.

Share
Scroll to Top