Есенски модни комбинации кои се ин оваа сезона

Есенски модни комбинации кои се ин оваа сезона

пред 3 години

Се ближи крајот на летото и почнува новата есенска сезона. Од предимензионирани блејзери и макси-силуети до удобни плетива и фустани од трикотажа, еве што сè ќе биде во тренд оваа есен.

Чизми до колена и макси фустан

Волуминозниот драпиран фустан со неутрален тон е вистинското парче за есенската сезона. Наскоро чизмите до колена ќе ги заменат апостолките и сандалите.

Костим

Моментално најголем тренд во Копенхаген е костимот. Одлично прилега со пантолони со висок струк, бела маичка и патики.

Урбан ученички стил

Кардиганите и плетените елеци се одличен избор во комбинација со кошула и чино-панталони. Можете да ги искобинирате и со мини-здолниште на фалти.

Плетено дуо

XXL џемперите го диктираат стилскиот правец оваа есен. Можете да понесете и два со себе, од кој едниот лабаво ќе врзете околу рамената или струкот.

Есенски монохром

Целосниот изглед во црно е резервиран за урбаните девојки. Динамика ќе постигнете ако си играте со различни структури и форми, внимателно при комбинирањето плетиво, кожа и полесни материјали, како што се памук и вискоза.

Џинс на џинс

Оваа сезона го копираме канадскиот стил, а парчињата од џинс е сè она што ви треба. Може да комбинирате од најсветла нијанса на тексас до најтемната.

Мантил во фокусот

Од тренч-силуета до ретро кожени модели со големи ревери, мантилот е задолжителен во есенското модно парче.

Линиите се евергрин

Маицата со линии што ја носевте во текот на летото сега можеме да замените со џемпер со линии. Можете да го искомбинирате со бермуди и лабаво врзани мартинки, така што ќе добиете момчешки изглед што нема да остане незабележан.

Share
Scroll to Top