И без Меси и Нејмар, ПСЖ е едноставно пресилен за Брест

И без Меси и Нејмар, ПСЖ е едноставно пресилен за Брест

пред 3 години

Пари Сен-Жермен најави дека нема да дозволи да се повтори минатата сезона, откако стигнаа до третата последователна победа во Лига 1, триумфирајќи на гостувањето во северна Франција кај Брест со 2:4, иако во составот ги немаше првите ѕвезди Нејмар и Лионел Меси.

Меси најверојатно ќе дебитира за клубот на 29 август против Ремс, откако доби дозвола да се врати во својот дом во Барселона на слободен викенд, додека Маурисио Почетино не сметаше ниту на Нејмар, кому исто така му даде време за одмор.

Андер Ерера ги донесе „светците“ во водство во 23. минута, за веќе во 36. минута Килијан Мбапе да најави висока победа. Брест врати еден гол преку Франк Онора во 42. минута, пред Ерера да му асистира на Идриса Геје во 73. минута за убав гол од огромна далечина. За финишот на мечот да биде поинтересен се погрижи Стив Муние, кој во 85. минута намали на 2:3, но Анхел ди Марија во 91. минута стави точка на натпреварот.

Share
Scroll to Top