Социјалната мрежа Facebook креираше нова алатка со која ќе им се помогне на Авганистанците да ги заклучат своите профили и заштита приватноста.
На корисниците во Авганистан ќе им биде доволен само еден клик за да ја активираат приватноста на објавите на времепловот и да спречат преземање и споделување на профилните фотографии.
Алатката ќе ги охрабри корисниците да ограничат објави кои непознати луѓе нема да можат да ги гледаат, но ова нема да биде достапно и на Instagram. Сепак, апликацијата ќе ги предупреду корисниците и ќе им ги “објасни” начините за заклучување на профилот и на оваа социјална мрежа.
Исто така, Facebook привремено ја сокрива и листата на пријатели на корисниците на Авганистан и ги охрабрува луѓето кои имаат пријатели во оваа земја исто така да ја сокријат оваа листа.
“Работиме со нашите партнери во индустријата, цивилното население и владата за да им обезбедиме подобра поддршка и да ги заштитиме луѓето. Воспоставивме центар за специјални операции за да одговориме на новите закани”, рекол шефот за безбедност на Facebook, Натаниел Глечер.
Извор: Klix.ba