Италијанските медиуми тврдат дека Масимилијано Алегри решил Кристијано Роналдо да не биде стартер во првиот меч од новата сезона против Удинезе поради „тактички причини“, иако ова само ќе ги зголеми шпекулациите за конфликт меѓу двајцата и можно заминување на португалската ѕвезда од Торино.
На местото на Роналдо е Алваро Мората, и од Јувентус посочуваат дека Португалецот не е повреден, туку дека се работи за одлука на Алегри, откако претходно тој не играше во последниот пријателски меч за Јувентус со објаснување дека се „штеди“ за првото коло.
Инаку, во Италија подолго време се шпекулира дека Алегри бил против носењето на Роналдо од Реал Мадрид и дека една од причините за првиот отказ кој го доби пред две години, беше токму Роналдо.
Pierwsze spotkanie w tym sezonie i już pierwsza niespodzianka, jeśli chodzi o skład, jaki wybiegnie dziś na Stadio Friuli. Wbrew doniesieniom mediów to nie Cristiano Ronaldo, a Alvaro Morata uzupełni w ataku Federico Chiesę oraz Paulo Dybale występującego dziś w roli Kapitana. pic.twitter.com/btgJw85OzG
— Che JUVENTUS (@CheJUVENTUS) August 22, 2021