Во македонски автобус на „Табановце“ запленети 1.000 антиген тестови за коронавирус

пред 5 години

При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид-19.

„На 22 август во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари“, информираат од Царинската управа.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top