ВМРО-ДПМНЕ наместо да врши евалуација на кампањата за вакцинација, треба да ги повика граѓаните и своите членови да се вакцинираат, велат од СДСМ.
Мицкоски, се додава во писмениот допис од СДСМ да престане со лажната загриженост и барем еднаш да преземе одговорност да повика јавно на масовна вакцинација.
Во соопштението се наведува дека „ВМРО-ДПМНЕ е партијата која поттикнува прекршување на мерките, партија која поддржува протести против вакцинацијата а денес се најде повикана да коментира кампањи кои имаат за цел зголемување на опфатот на вакцинација. Со таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на страната на вирусот и работат на штета на здравствениот систем и јавното здравје“, стои во напишаното од СДСМ.