(Фото) Вино и женски муабети: Каролина на семеен одмор во Хрватска

(Фото) Вино и женски муабети: Каролина на семеен одмор во Хрватска

пред 3 години

Каролина Гочева заедно со мајка ѝ Светлана, сестра ѝ Сандра и внуките Луција и Инес, беа неколку дена на одмор во Сплит, во Хрватска. Пејачката сподели неколку фотографии од таму и напиша дека си поминале супер.

Пејачката во Хрватска се сретна и со нејзиниот добар пријател и колега Дуке Бојаџиев. Тогаш Каролина напиша дека тие случајно се сретнале и дека одлично си поминале во неговото друштво. Таа со Бојаџиев работеше на нејзината последна песна Идила и новиот албум.

Станува збор за преработки на најубавите македонски евергрини, а промоцијата е планирана во септември. Каролина изминатиот период ретко имаше настапи поради коронавирусот, па претходно времето го искористи да оди на одмор и со сопругот Михаил Корубин.

Тие беа на островот Крф, во Грција. За потсетување, тие се во брак од 2016 година.

 

Share
Scroll to Top