Еден загинат, петмина повредени при пукање на прометна улица во Албанија

пред 3 години

Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во многу прометна пешачка зона во албанскиот град Лушње, објавуваат медиумите во регионот.

Инцидентот се случил во време кога улицата во центарот на градот била полна со луѓе, а по физичка пресметка помеѓу група мажи, пишуваат порталите.

Според првичните податоци, 34-годишен сопственик на ресторан е убиен, а меѓу повредените е и едно девојче.

Share
Scroll to Top