(Фото) По Харисон Форд и Деми Мур на одмор во Дубровник, Хрватска стана омилено место на светскиот џет сет

(Фото) По Харисон Форд и Деми Мур на одмор во Дубровник, Хрватска стана омилено место на светскиот џет сет

пред 3 години

По холивудската ѕвезда Харисон Форд и Деми Мур реши годинава да ја посети Хрватска. Таа стигна на одмор во нејзината вила во Дубровник. Глумицата објави фотографии, но, не напиша каде се наоѓа, но, некои од фановите веднаш го препознаа местото.

Таму Деми на одмор е со нејзината пријателка Ерика Бутербах и Патрик Хилгард. Таа во понеделникот објави селфи од една од камените тераси со поглед на море, а потоа и папараците ја уловија во црн костим за капење.

За потсетување, неодамна Дубровник го посети и вдовицата на некогашната НБА ѕвезда Коби Брајант, Ванеса. Таа дојде во Хрватска заедно со нејзините ќерки и напиша дека тоа било ветување кое и го дал Коби на нивната ќерка пред да загине минатата година во хеликоптерска несреќа.

Во Хрватска пристигна и Мајкл Џордан, кој пристигна во Сплит и пловеше низ Јадранот на јахта од милион долари. Претходно во Хрватска на одмор дојде и холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне со неговите ќерки.

 

Share
Scroll to Top