Едно лице повредено во судир на автомобил и мотор кај с. Сливница

пред 4 години

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Макази-Маркова нога, кај крстосницата за с.Сливница.

Несреќата се случила помеѓу мотор и автомобил.

Во незгодата В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

Share
Scroll to Top