По разводот од Игор Којиќ, спогодбено, по шест години брак, Северина е на одмор на Јадранско море. Таа е таму со друштво, а на Инстаграм обајвува фотографии. Северина за хрватските медиуми прозборе и за разводот со Игор.
„Одлуката за развод ја донесовме заеднички, пријателски и нема да ја коментирам понатаму. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство ми беа цело време во фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер и секогаш поддршка за време на мојот тежок период. Во животот му ја посакувам сета среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна торба. Затоа и барам разбирање. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости, непроверени приказни и озборувања. Не мора да ми уништите животот, се уште имате шанса да ми го поправите “, рече Северина за Јутарњи лист веднаш по разводот во судот во Загреб.