Со 42 ипол години Иво Карловиќ (223. АТП листа) по 17-ти пат во кариерата ќе биде дел од главната жрепка на САД опен. Тој во квалификациите во последното коло со 2-0 (6-3 и 7-6) за 81 минута го елиминираше Јапонецот, Јуиџи Сугита.
Карловиќ до третиот триумф против истиот противник дојде со 25 ас удари.
Сепак, хрватскиот тенисер немаше многу среќа во жрепката. Тој во првото коло на грен слем турнирот силите ќе ги одмери со петтиот носител на САД опен, седмиот тенисер во светот – Андреј Рубљов кој е безмаку 20 години помлад од Карловиќ.
Хрватска ќе има два претставника на САД опен. Покрај ветеранот Карловиќ, тука е и Марин Чилиќ кој за противник во прво коло ќе игра против уште еден тениски ветеран, Германецот Филип Колшрајбер (37).