Српскиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ вели дека се надева дека еден ден ќе се сретне со норвешкиот ас, Ерлинг Халанд, но скромно инсистира дека уште не е на негово ниво.
Влаховиќ постигна гол при 2:1 победата на Фиорентина над Торино во саботата, за да ја продолжи својата фантастична форма која придонесе премиерлигашите да бидат заинтересирани за негов трансфер.
„Целиот стадион го пееше моето име, сонував за вакво нешто кога бев дете, така што е нормално да сум презадоволен. Мислам дека сум на вистински пат, но морам да останам скромен и да работам. Фокусиран сум да направиме нешто големо со клубот, но уште е сме таму. Не сакам споредби. Халанд постигнува голови во Лигата на шампиоите три сезони. Се надевам дека еден ден ќе се сретнеме, но сега морам да работам на моите квалитети. Секако, ги следам сите најдобри напаѓачи во Европа“, вели Влаховиќ.