УФЦ легендата Конор Мекгрегор го предизвика новиот фудбалер на ПСЖ, Лионел Меси во борбата за „титулата“ спортист кој најмногу заработил според магазинот „Форбс“, откако минатата година Ирецот беше на врвот.
Опоравувајќи се од хорор-скршеницата на ногата во последниот меч со Дастин Поаире, Ирецот со видео од хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес го поддржа својот „брат“ Серхио Рамос со дрес на ПСЖ.
„Лудо е како овој тим ги собра овие неверојатни играчи толку бргу. Меси има плата од 75 милиони долари годишно. Без реклами. Ќе биде тешко да го победам на листата на ‘Форбс’ без барем уште еден меч, но уште не ме отпишувајте. Поминаа само два месеци од новата фискална година на ‘Форбс’ и веќе ја надминав неговата годишна плата“, вели Мекгрегор.