Уругвај без Суарез и Кавани во септемвриските квалификации

Уругвај без Суарез и Кавани во септемвриските квалификации

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Уругвај без напаѓачкиот тандем Луис Суарез-Единсон Кавани, ќе ги одигра претстојните три натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Суарез е повреден, а Кавани не може да отпатува во Уругвај поради епидемиолошките мерки кои владеат во Велика Британија.

Луис Суарез, синоќа, против Виљареал, постигна гол за Атлетико во ремиот 2:2. Напаѓачот го совлада Херонимо Рули во 56.минута, а неколку минути подоцна поради болки во коленото го напушти теренот.

Поинаква е ситуацијата со Кавани. Уругвај е една од државите во Јужна Америка, која се наоѓа на црвената листа на британските здравствени власти. За сите кои од оваа држава доаѓаат во Велика Британија задолжителен е десет дневен карантин.

Поради тоа Фудбалскиот сојуз на Уругвај го повлече повикот кој селекторот Оскар Табарез го упати до Кавани.

Поради здравствените мерки кои ги променува Велика Британија 60 фудбалери нема да можат да им се приклучат на своите национални тимови.

Уругвај во септемвриските квалификации ќе игра против Перу, Еквадор и Боливија.

Share
Scroll to Top