Капитенот Дини си заминува од Вотфорд: Како да ми умрел близок член на семејството

Капитенот Дини си заминува од Вотфорд: Како да ми умрел близок член на семејството

пред 3 години

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини потврди дека си заминува од „Викариџ роуд“ по неверојатни 11 сезони во премиерлигашот, пред трансфер во својот клуб од детството, Бирмингем сити.

33-годишниот Дини, кој дојде во Вотфорд од Волсол во 2010 година, постигна 140 гола во 419 меча за Вотфорд, вклучувајќи го и славниот гол во 2013 година против Лестер, со кој влегоа во плејофот за влез во Премиер лигата. Тој имаше уште една година од договорот со клубот, но Вотфорд во знак на благодарност го пушта да оди со слободен трансфер.

Во емоционално збогување со тимот, Дини се заблагодари на клубот што му помогнале кога му било најтешко – тој беше осуден на 10-месечна казна за физички напад во 2012 година.

„Чудно е да ги искажам емоциите за животот во Вотфорд и тоа што го чувствувам при заминувањето на најважниот клуб во мојот живот. Чувствувам тага, како да ми умрел најблизок член од семејството. Но, чувствувам и вобуда за новиот пат и остатокот од животот. Најмногу чувствувам гордост за тоа што го направив во Вотфорд, клуб кој ми помогна кога ми беше најтешко. Вотфорд е мало место на планетата, но голем дел од животот беше мојот центар и не би можел да посакам подобри навивачи кои ми помогнаа“, изјави Дини, кој лани постигна 7 гола во 19 меча да помогне Вотфорд да се врати во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top