Се ближи крајот на летото, што значи дека доаѓа време за подготовка на зимница.
Зимно време имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамини и минерали ни се најпотребни во тој период. Најдобар начин да ги зачувате е да направите зимница. Ви носиме рецепт за шарена зимска салата, која не само што убаво изгледа и е вкусна, туку е и многу здрава и се препорачува за зајакнување на имунитетот.
За да ја подготвите, потребно ви е:
- 1 кг краставици
- 1 кг моркови
- 1/2 кг зелени домати
- 1/2 кг зелени пиперки
- 1 кг карфиол
- 1 кг зелка
Прелив за салата:
- 750 мл алкохолен оцет
- 250 гр шеќер
- 150 гр сол
- 250 мл вода
- 1/2 литар масло
- 1 кесичка бибер во зрно