(Видео) Синот на министерката на Нов Зеланд го прекина интервјуто во живо, за да ѝ покаже морков во форма на фалус

(Видео) Синот на министерката на Нов Зеланд го прекина интервјуто во живо, за да ѝ покаже морков во форма на фалус

пред 4 години

Министерката на Нов Зеланд, Кармел Сепулони, е уште една во низата на јавни личности која се избламира за време на интервју кое го даваше од дома поради пандемијата со коронавирусот.

Таа беше прекината од синот, кој влезе во собата додека таа зборуваше, за да ѝ покаже морков во форма на фалус (машки полов орган).

Кармел која е министерката за социјален развој, интервјуто го давала во живо преку „Зум“, за радиото Samoon. Во тој момент нејзиниот син влезе и успеа да ги насмее и водителот и гледачите, пишува „Гардијан“.

„Моментот кога во живо давате интервју преку „Зум“ и вашиот син ќе влезе во собата и во раката ќе држи деформиран морков во облик на машки дел од телото“, напиша таа на „Твитер“.

„Да речиси се боревме за морковот пред камера, и сега се смеам на тоа, но, тогаш не ми беше смешно“, додаде Кармел.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top