Концерт од свирежи за Циципас – Гркот го победи Манарино

Концерт од свирежи за Циципас – Гркот го победи Манарино

пред 3 години

Стефанос Циципас избори пласман во третото коло на Ју-ес опен. Гркот по два часа и 45 минути го победи Адријан Манарино со 6/3, 6/4, 6/7, 6/0. Сепак медиумите повторно пишуваат за Циципас и неговата маратонска пауза помеѓу третиот и четвртиот сет.

Паузите од најмалку осум минути се редовна појава во мечевите на Циципас. Против Манарино замина во тоалет откако го загуби третиот сет. Паузата траеше осум минути, Манарино, слично како и Мареј, се жалеѓе кај судијата и супервизорот, а публиката го пречека со концерт од свирежи кога се врати на теренот.

„Се правам како што треба. Доколку нешто не е според правилата тогаш можете да ме казните“, рекол Циципас по мечот.

Share
Scroll to Top