Ван Гал: Холандија не е тим од светска класа

Ван Гал: Холандија не е тим од светска класа

пред 3 години

Со нерешениот резултат против Норвешка (1:1), Луј Ван Гал го започна третиот мандат како селектор на Холандија.

Холандските медиуми остро ја критикуваа играта што ја прикаѓаа „лалињата“ во Осло, на што селекторот одговори дека Холандија не е екипа од светска класа.

„Нашиот противник се бранеше во еден компактен блок и простор. Тоа ни создаде проблеми. Во такви ситуации треба да бидете креативни и чврсти кога ја имате топката. Ние не бевме такви. Ја губевме топката кога не смеевме. Им кажав на фудбалерите дека бевме невнимателни. Но имавме проблеми и поради начинот на кој што играше Норвешка. Можеме да си мислиме дека оваа Холандија е тим од светска класа, но тоа не е така. Мораме да функционираме како тим. За разлика од нас Норвешка тимски одигра одлично“, изјави Ван Гал.

По четири кола во Г-групата, води Турција со осум поени, еден помалку имаат Холандија и Црна Гора.

Наредниот меч Холандија ќе го одигра на домашен терен, во сабота, против Црна Гора.

Share
Scroll to Top