Стружанец на мотоцикл тешко повреди малолетничка во Охрид

пред 3 години

Во попладневните часови на 2 септемеври во охридската полиција било пријавено дека на улицата АСНОМ во Охрид, мотоцикл марка „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од М.Ц.(43) од Струга, удрил во малолетен пешак од Охрид.

Во незгодата девојчето се здобило со тешки повреди, констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Share
Scroll to Top