Орие го напушти Тотенхем – Следна дестинација Арсенал?

Орие го напушти Тотенхем – Следна дестинација Арсенал?

пред 3 години

Серж Орие, во финишот на преодниот рок, ја раскина соработката со Тотенхем. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска сега е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата. Бидејќи играч без клуб, тој во било кој момент може да се пресели на одбраната дестинација.

Арсенал први покажаа интерес за Орие. Иако во преодниот рок, во Арсенал пристигна Такехиро Томијасу, десниот бек би можел да го засили големиот ривал на Тотенхем. Томијасу е десен бек, но тој може да игра и во централниот дел на одбраната.

Доколку Орие се пресели во Арсенал, тој ќе стане четвртиот фудбалер во историјата, кој играл за двата клуба од северниот дел на Лондон. Орие ќе им се придружи на Вилијам Галас, Сол Кембеп и Емануел Адебајор.

Share
Scroll to Top