Хрватскиот ветеран Марио Манџукиќ стави крај на својата кариера, во која играше во некои од најголемите европски клубови освојувајќи ја Лигата на шампионите, Бундеслигата, Серија А и секако стигнувајќи до среброто со Хрватска на СП во 2014 година.
Тој објавата за крај на кариера ја направи во стил на писмо до самиот себе.
„Драг мал Марио, додека ги облекуваш овие копачки, првите во твојот живот, не можеш ниту да ги замислиш работите кои ќе ги оствариш во фудбалот. Ќе даваш голови на најголемата сцена во дресовите на најголемите клубови и ќе ги освојуваш најгоемите трофеи. Во дресот кој носи најголема гордост, тој на хрватската репрезентација, ќе испишеш некои од најважните моменти во историјата на хрватскиот спорт. Ќе успееш бидејќи имаш многу луѓе кои ќе ти помогнат, соиграчи со кои ќе се бориш, тренери од кои ќе учиш, навивачи кои ќе те бодрат и менаџери и пријатели кои секогаш ќе бидат со тебе. На крајот на кариерата ќе бидеш најгорд на тоа што си го давал максимумот. Ќе го познаеш вистинскиот момент за крај, ќе ги ставиш овие копачки во витрина и ќе бидеш среќен што не жалиш за ништо. Фудбалот секогаш ќе биде дел од твојот живот, но ќе се радуваш на новото поглавје.
Уживај. Твојот голем Марио.
П.С. Ако некогаш играш против Англија во полуфинале на СП, биди концентриран таму околу 109. минута“, напиша Манџукиќ.