„За најмногу три години Алкарас ќе биде број 1“

„За најмногу три години Алкарас ќе биде број 1“

пред 3 години

Тенисот доби нова ѕвезда, Карлос Алкарас. Наследникот на Рафа Надал, во неверојатен меч, успеа да го елиминира третиот носител на Ју-ес опен, Стефанос Циципас.

Тенисерот од Мурсија победи во пет сета со 6/3, 4/6, 7/6, 0/6, 7/6. Елиминацијата на Циципас е најголемото изненадување во досегашниот дел од турнирот.

Тениските стручњаци се воодушевени од младиот Шпанец, му претскажуваат светла иднина.

„Алкарас за најмногу три години ќе биде број 1“, напишал Евгениј Кафелников.

Кавелников во кариерата има освоено две грен слем титули, се повлече во 2003 година.

Карлос Алкарас во четвртото коло ќе игра против Германецот Петер Гојовчик.

Share
Scroll to Top