Азар: Не е вистина дека не сум среќен во Реал

Азар: Не е вистина дека не сум среќен во Реал

пред 3 години

Еден Азар истакнал дека е среќен во Реал Мадрид и дека се надева дека во иднина повеќе време ќе минува на теренот. Првите две сезони од неговата кариера во Реал ги обележаа честите повреди.

Азар, не ги оправда вложените 100 милиони евра во неговиот трансфер. Поради тоа медиумите често го критикуваат, а во финишот на преодниот рок се шпекулираше дека е можно да замине од клубот.

„Невистина е дека не сум среќен во Реал. Задоволен сум. Знаете дека секој фудбалер е среќен кога игра“,рекол Азар и дополнил.

„Не играв долго време, не постигнував голови, но тоа нема никакво влијание врз љубовта што ја чувствувам кон клубот. Ситуација беше уште полоша поради коронавирусот и повредите, но среќен сум во Реал. Луѓето можат да мислат што сакаат, јас знам кои се моите можности. Кога ќе почнам да постигнувам голови и кога ќе ми се врати насмевката, ќе зборуваат дека сум среќен. Среќен сум и сега, само ми недостигна да играм повеќе“.

Азар има договор со Реал до 30.јуни 2024 година.

Share
Scroll to Top