Хрватска без голманот Ливаковиќ против Словачка

Хрватска без голманот Ливаковиќ против Словачка

пред 3 години

Хрватска се соочува со сериозни проблеми, во пресрет на вечерашниот натпревар со Словачка, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Хрватите, во Братислава, ќе бидат без првиот голман Доминик Ливаковиќ.

Ливаковиќ, пред три дена, беше заслужен што Хрватска освои еден бод во Москва против Русија. На тој натпревар се повреди, стручниот штаб се надевеше дека ќе може да браби вечерва, меѓутоа не доби зелено светло од лекарскиот тим.

Голамнот ќе мора да паузира десет дена, што значи дека ќе го пропушти и дуелот со Словенија во Сплит.

Хрватскиот селектор, Златко Далиќ, има многу проблеми во септемвриските квалификации. Тој не може да смета на Лука Модриќ и Анте Будмир, пред мечот со Русија се повреди Јошко Гвардиол, а сега од сотавот отпадна и Ливаковиќ.

Share
Scroll to Top