Историска победа на ракометарите на Пролет над поранешниот шпански шампион Гранојлерс, Михаил Аларов со седум гола беше стрелец на натпреварот

Историска победа на ракометарите на Пролет над поранешниот шпански шампион Гранојлерс, Михаил Аларов со седум гола беше стрелец на натпреварот

пред 3 години

Ракометарите на Пролет остварија историска победа над поранешниот шампион на Шпанија, Гранолјерс со 29-27. Тие победија во вториот натпревар од квалификациите за Лига Европа, но поради поразот во првиот меч, нема да играат во следното коло.

Македонските ракометари вечерва играа одлично. На полувремето губеа 14-12, но во вториот дел беа многу подобри од шпанските ракометари и направија пресврт во играта. Најефикасен во Пролет беше Михаил Аларов кој постигна седум гола од осум обиди. По четири гола дадоа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски.

Најдобар во шпанскиот тим беше Хосе Марија со 6 голови.

 

„Пласманот во Лига Европа не е обезбеден, но овој тим на Тинекс Пролет покажа дека поседува квалитет, искуство, но и потенцијал да продолжи да се развива со засилено темпо. Победата во Шпанија е мотив повеќе во ист стил да играме и домашното првенство“, велат од клубот.

Првиот натпревар во домашното првенство Пролет ќе го игра на гости против Металург.

 

Share
Scroll to Top