Родителите на Зоки Бејбе слават 60 години брак: Ве слушав како ја пеете „Не кажувај либе добра ноќ“ и посакав засекогаш да сте заедно

Родителите на Зоки Бејбе слават 60 години брак: Ве слушав како ја пеете „Не кажувај либе добра ноќ“ и посакав засекогаш да сте заедно

пред 3 години

Македонскиот диџеј Зоки Бејбе откри дека неговите родители, Тања и Стево, прославиле 60 години во брак. Со многу емоции, тој на Фејсбук раскажа случка од детството кога првпат сфатил колку тие се заљубени. Вели, имал шест години и во тој момент посакал цел живот да се заедно.

„Моите родители слават редок јубилеј, 60 години брак. Пресреќен сум што ве имам здрави живи весели. Има една случка од детството кога прв пат сакав вие двајца да сте секогаш заедно бидејќи многу се сакате. Патувавме со дијаната ноќе, низ длабоките шуми на Босна. Јас имав можеби шест години, не повеќе и на задните седишта направени во кревет мислевте дека спијам.

Во еден момент мама ја запеа ‘Не кажувај либе добра ноќ’, тивко за да не ме разбуди, а татко ми продолжи да ја прати. Бидејќи бев „стар мал“ текстот на песната ми беше многу љубовен и цел тој момент беше магичен. Тогаш посакав цел живот да сте заедно во љубов“, напиша тој и им посака и уште долги години да бидат млади со духот.

Share
Scroll to Top