Светскиот рекет број 2, Данил Медведев влезе во четврт-финалето на САД опен, откако за помалку од два часа со 6:3/6:4/6:3 го декласираше британскиот миленик Ден Еванс, додека Аргентинецот Диего Шварцман доживеа незгоден пораз во маратонскиот меч од речиси 4 и пол часа, за да биде елиминиран со 6:3/6:4/5:7/5:7/6:1 од Холанѓанецот Ботик ван де Цандшлуп, тенисер кој се наоѓа на 117. место на АТП листата.
Кај дамите, пак, прва во четврт-финалето влезе украинската фаворитка, Елина Свитолина, која стигна до релативно лесна 6:3/6:3 победа над поранешната светска тенисерка број 1, Симона Халеп.
Свитолина ги искористи проблемите на Халеп на нејзин сервис, правејќи пет брејка од своите 12 шаси во двата сета. Украинката пристигна во Њујорк по освоениот бронзен медал на Олимпијадата во Токио и со добар настап на САД опен може да го подобри својот најдобар пласман на ВТА листата, третото место.