Мароканците успеале да избегаат од Гвинеја

Мароканците успеале да избегаат од Гвинеја

пред 3 години

Експедицијата на фудбалската репрезентација на Мароко утрово, од Гвинеја, безбедно се врати во Ријад.

Мароканците, во саботата пристигнале во главниот град на Гвинеја, Конакри, каде вчера требаше да играа квалификациски меч за пласман на Светското првенство.

Во саботата имале еден тренинг, но вчерашниот ден го минале во хотелот, слушајќи пукотници на улиците. Доцна вечерта биле безбедно евакуирани и спроведени до аеродромот.

„Не знам што се случува. Сместени сме недалеку од претседателската палата. Нема многу луѓе на улиците, забележав војници кои трчаат. Играчите се загрижени. Јас сум навикнат на вакви работи, за мене тоа не претставува проблем. Но ситуацијата е бизарна“, изјавил вчера, селекторот на Мароко Вахид Халилхоџиќ за „Лекип“.

Во Конакри, бунт кренале елитните единици на армијата. Тие во снимка објавена на државната телевизија рекле дека ја распуштиле владата. Од друга страна Министерството за одбрана на Гвинеја објави дека нападот на бунтовниците бил одбиен.

Натпреварот од безбедносни причини е откажан.

Share
Scroll to Top