Тотенхем ќе ги казни Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Дависон Санчез. Двајцата Аргентинци и Колумбиецот Санчез, без дозвола од клубот заминале во Јужна Америка за да настапуваат за своите репрезентации, во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство.
Претходно беше објавено дека клубовите од Премиер лигата нема да им дозволат на јужноамериканците да настапат за своите репрезентации, бидејќи сите држави се наоѓаат на црвената листа во Велика Британија.
Планот на Ло Селсо, Ромеро и Санчез, бил да одиграат два од трите натпревари, а потоа за да го избегнат задолжителниот карантин во Велика Британија, планирале да влезат преку Хрватска.
Бразилските власти, во неделата, влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот Бразил-Аргентина. Тие имаа намера да ги депортираат од земјата покрај Ло Селсо и Ромеро и играчите на Астон Вила, Емилијано Буендија и голманот Емилијано Мартинез.
За разлика од Тотенхем, Астон Вила нема да ги казни своите фудбалери бидејќи тие добиле дозвола од клубот да настапат за Аргентина.