Раководител во комуналното претпријатие во Ресен крадел пари од службениот сеф

пред 3 години

Ресенската полиција поднесе кривична пријава против 49-годишник со иницијали Б. Ш. (49), жител на селото Подмочани, поради сомнение за сторени кривични дела кражба и проневера во службата.

Како што информираат од МВР, пријавениот како раководител на Одделението за финансии и сметководство во Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ во Ресен, во август 2021 година во неколку наврати со клуч го отворал сефот кој бил во просторијата на благајната и оттаму одзел пари.

Share
Scroll to Top