Ким Јонг-ун формира нова специјална единица со црвени скафандери и гас-маски

пред 3 години

Северна Кореја одржа воена парада по повод 73 -годишнината од основањето на комунистичката држава.

На фотографиите од парадата се гледаат војници и работници кои маршираат по улиците, а еден дел од нив се облечени во црвени заштитни скафандери и гас – маски.

Според Би -Би -Си, ова може да биде знак дека се формирани специјални сили за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Парадите на Северна Кореја имаат две функции. Во некои прилики, тие може да бидат начин да се покаже на надворешниот свет нова воена опрема и балистички ракети и покрај меѓународните санкции.

Сепак, повеќето од нив се средство за зголемување на домашната поддршка, особено во тешки времиња кога земјата е погодена со недостиг на храна.

Специјална единица во црвени скафандери овој пат го привлече вниманието и сугерираше дека Пјонгјанг сака да им покаже на своите луѓе дека, иако земјата тврди дека нема случаи на коронавирус, постојаната борба против ширењето на пандемијата продолжува.

И покрај ризикот од масовни собири, Пјонгјанг одржа три паради во последните 12 месеци, што е невообичаено често дури и за Северна Кореја.

Share
Scroll to Top