Го удрил автомобил додека тренирал

Го удрил автомобил додека тренирал

пред 3 години

Автомобил го удрил холандскиот велосипедист, Том Думолан, додека тренирал во Ардените. Думолан, мора да го оперира повредениот глужд. „За жал сезоната за мене заврши. Разочаран сум“, изјавил тој за интернет страницата на неговиот тим, Џамбо Висма.

Домулан е олимписки вицепрвак од Рио де Жанеиро и Токио во трката на хронометар. Најголем успех во кариерата му е победата на Џиро Италија.

На светските првенства освоил три медали во трките на хронометар: злато во 2017, сребро во 2018 и бронза во 2014 година.

Share
Scroll to Top