Од 15 до 19 септември во спортскиот центар Ново Лисиче ќе се одржи фестивалот на комедијата „Гола месечина“. Фестивалот ќе го отвори претставата „Грдиот“ во режија на Ирена Стеријовска.
На „Гола месечина“ и оваа година ќе се играат само македонски претстави: „Грдиот“, „Чудесна терапија“, „Што е силеџија“ и „Мој термин“.
Фестивалот е во организација на Театар Комедија и Општина Аеродром. Сите претстави ќе почнуваат во 21 часот.