„Не можете Кејн да го споредувате со Анри“

„Не можете Кејн да го споредувате со Анри“

пред 3 години

Тренерот на Кристал Палас, Патрик Виера, ќе дебитира во Премиер лигата, против екипата на Тотенхем. На прес конференцијата, тој се осврнал на споредбите на Хари Кејн, со поранешните соиграчи на Виера од Арсенал, Иајн Рајт и Тиери Анри.

„Кејн и Рајт се различни профили. Рајт е повеќе финишер, опасен пред голот на противникот. Кејн може да завршува во шеснаесетникот и надвор од него, може да направи десетици шанси за гол. Тој е модерна „деветка“, играч кој може да ги менува позициите“, рекол Виера и дополнил.

„Жалам што ќе го кажам ова, но Анри е на едно посебно ниво. Го сакам Кејн, сметам дека е фантастичен играч, но Анри е Анри“.

Share
Scroll to Top